4 октомври, 2006
Оние што малку подобро ја познаваат структурата на *.xpi додатоците (екстензиите) за Firefox знаат дека, „xpi“ е буквално идентичен датотечен формат со форматите „rar“ и „zip“, што веднаш води кон помислата дека „xpi“ датотеки можат да бидат отворени во некој од најпознатите менаџери за архиви со податоци. Токму во тоа е и трикот или твикот, како сакате. А инаку прашањето е: Како да направите некомпатибилните екстензии од Firefox 1.5, да ви проработат во Firefox 2.0 RC1?
читај повеќе »
објавено во
солејне памет | 32 коментари »
2 октомври, 2006
Можеби нешто сме изоставиле, но генерално вака ќе изгледа PC гејмингот во наредните 12-тина месеци. Имињата на производителите се добро познати, но имињата на игрите се релативно нови. Иако досега неколкупати сме ги коментирале поединечно, овој пат ги групиравме и им ја доделивме титулата „најнапредни“.
читај повеќе »
објавено во
игрици | 24 коментари »
1 октомври, 2006
QuickKill е екстра лесно програмче што ви овозможува да ги „убиете“ сите непотребни (несистемски) процеси во Windows XP, одеднаш. Корисно е за моментите кога сакате да играте некоја компјутерска игра или пак кога сакате да заштедите од батеријата на вашиот лаптоп. Но, се си има цена, па така и QuickKill. Цената за QuickKill е Microsoft .Net Framework 2.0.
читај повеќе »
објавено во
софткор | 1 коментар »
1 октомври, 2006
Најпопуларниот алтернативен PDF читач пред некоја недела ја доби својата втора официјална верзија. За тие што не знаат, станува збор за екстра мало, екстра брзо и не толку нашминкано програмче за преглед и печатење на PDF документи. Со новата верзија доаѓаат и промените во графичкиот интерфејс, со што е дозволено менување на јазикот во FoxitReader со само еден клик. Софтверот сè уште не е локализиран на македонски, па ако има расположени ентузијасти, нека ги посетат линковите зад „читај повеќе“.
читај повеќе »
објавено во
софткор | 11 коментари »
30 септември, 2006
Еве начин да се спасиме од суровиот Rapidshare. Evilshare е новата алтернатива, што го велича корисникот и не му скусува ниедна од неговите привилегии. Прикачувајте и преземајте што сакате и колку сакате. Не треба да чекате пред да започнете со преземањето, ниту пак да подлегнувате на било какви регистрации за добивање повеќе привилегии. Evilshare.com e уникатен по тоа што е 100% бесплатен, па убаво би било да го забележите во вашиот веб адресар и кога ќе ви притреба, да го користите.
читај повеќе »
објавено во
сајтчина | 11 коментари »
29 септември, 2006

Samsung објави дека изработил прототип меморија наречена PRAM. Прототипот е 512MB-тен мемориски модул и се очекува, ако сè оди по планираното, во 2008 година тој да почне да се дистрибуира на пазарот за домашни корисници. Што е толку револуционерно кај овој т.н. фазен тип на меморија со случаен пристап, во продолжение.
читај повеќе »
објавено во
хардкор | 12 коментари »
29 септември, 2006
Додека „Двојката“ се крчка, навикнете се на неа, навреме. Firefox 2.0 ќе биде поубав, постабилен и побезбеден Интернет прелистувач, а сега за сега единствената шанса да ги тестирате новите карактеристики, е Release Candidate 1. На „читај повеќе“ имате скриншот за да се загреете, а веднаш под него се директните линкови за преземање.
читај повеќе »
објавено во
софткор | 15 коментари »
29 септември, 2006
Знаевте ли дека Windows XP би требало да репродуцира музика за време на својата инсталација. Но, ретко кому му текнало да ги вклучи звучниците додека минува низ релативно здодевниот сетап. Муабетот е дека, музиката што треба да ја слушате додека XP се инсталира, се запишува на вашиот компјутер по инсталацијата, само треба да ја најдете. Каде да барате?
читај повеќе »
објавено во
солејне памет | 7 коментари »
29 август, 2006
Прекрасни вести за сите љубители на слободниот софтвер и корисници на GNU/Linux : Лугола преку нејзиното активно членство, а во соработка со Интегра Инжинеринг и дел од нејзините се почести и поблиски соработници, оваа година (2006-та) месец септември го прогласија за месец на GNU/Linux во Битола. За таа цел, подготвени се низа настани кои ќе земат место во текот на месец септември со што ќе се одбележат редица значајни датуми и на корисниците ќе им се обезбеди поквалитетна поддршка и едукација. Зад линков следува текст во кој се опишува подетално настанот, целите и идеите кои произлегуваат од него. Дечки, ја имате поддршката од Inbox
објавено во
пингвини | 4 коментари »
20 август, 2006
Групацијата NPD ја објави конечната листа на најпродавани игри во месец јули и ја потврди не многу променетата ситуација на гејмерскиот пазар. WoW води, а сите останати игри сè уште се обидуваат да ја стигнат. Ако не знаете што да играте, еве ви ги 20-те најдобри предлози за до крајот на летото. Ова се најкупуваните игри во јули 2006.
читај повеќе »
објавено во
игрици | 30 коментари »